Исчезнатиот скопјанец пронајден мртов во шахта

На седми ноември минатата година беше пронајдено човечко тело во канализациска шахта на локацијата “Сончев град“ во село Сопиште.

Полицијата денеска информира дека по завршените истражни и обдукциски активности констатирано е дека се работи за 58-годишниот З.П.од Скопје, кој што претходно е пријавен за исчезнат.

Според завршените наоди, констатирано е дека на телото немало никакви знаци на насилство.