Интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево во Скопје (фото)

Попладнево променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Фото: Кајгана

Дожд предизвика поплава во скопската населба Бутел. Блокирана е улицата Бутелска, пред Кружниот тек во Бутел 1. 

Во периодот од 16:30 до 17:30 јака нестабилна келија имаше над Скопје, проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер и со правец на движење од запад кон исток, информираат од УХМР.

За овој краток временски период на мерното место Зајчев Рид се измерени 32 л/м2 дожд. Сега процесите во Скопската котлина се послаби, но и во наредните часови се очекуваат врнежи и поретка појава на грмежи.