Инфективна под карантин, починале две лица

Клиниката за инфективни болести е под карантин, откако две лица починале од исклучително заразна болест.

Во два дена починаа двајца членови од едно семејство од село Симница, гостиварско. Постои сомнение дека причина за смртта е инфекција од добиток. Според лекарите од клиниката во Гостивар, двете жртви се татко и син од семејството Мифтари, пренесува 21тв.

Комисија од Министерството за здравство во моментот ги испитува случајот, односно се утврдува за која болест станува збор. Неофицијалните информации кажуваат дека на Инфективна биле хоспитализирани петмина пациенти од гостиварско, во тешка здравствена состојба, и дека болеста брзо прогресирала, поради што двајца од нив починале.