Инцидент во Аеродром: 60-годишник со метален предмет се пресметувал за паркинг место

Двајца скопјани физички се пресметувале со метален предмет, а причина била паркинг место. 

- На 27.03.2024 во 18.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија за паркинг, настанала физичка пресметка помеѓу И.С.(31) и М.Љ.(60), двајцата од Скопје, при што М.Љ. употребил и метален предмет, соопшти полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.