Имајте почит, не враќајте им се на оние кои еднаш ве повредиле

Ако имате почит кон некоја личност, прво имајте ја кон себе. Не враќајте им се на оние кои побегнале од вашата љубов.

Не враќајте им се пак на оние кои ве оставиле сами, кои ви го свртиле грбот и кои не ги исполнија вашите очекувања. Вие заслужувате личност која не одбира кога ќе биде покрај вас и која останува ваша помош, поддршка и љубов секогаш.

Повеќе од сѐ заслужувате љубов кој е заштитена од болка и сомнежи.

Не враќајте им се на оние на кои не им беа важни вашите солзи и болка, кога ве повредуваа. Лесно е да им верувате на нивните слатки зборови, но сетете се на тоа како се чувствувавте. Кога ќе ве замолат да ги примите повторно во вашиот живот, потсетете се каква празнина оставија кога си заминаа.

Не верувајте им на нивните празни зборови.

Тие веќе еднаш го покажаа своето лице кога си заминаа. Можеби и не еднаш, туку повеќе пати. Зошто би заслужиле уште една шанса? Зошто овој пат би било поинаку.

Сите сакаме да сме сакани и прифатени. Можеби тие некогаш биле наша огромна љубов, но тоа што не повредиле еднаш, два пати, повеќепати, не значи дека нема повторно да го направат истото. Тоа беше личноста на која не и беше грижа како си чувствувавте кога еднаш си замина од вас.

Не им го давајте своето срце, бидејќи повторно ќе ве повредат. Не им ја давајте својата љубов, бидејќи повторно ќе ја одземат. Заштитете го своето срце и кажете не.

Не заборавајте.

new nike air max 2019