Идеален стан на атрактивна локација во Скопје

Кога купувате стан, покрај квалитетот и квадратурата, важна е и локацијата. А што велите на три работи во едно? Квалитет, идеална квадратура и атрактивна локација. Токму тоа има да го понуди градежната компанија Golden Art.

Точно за една година ќе можете да се вселите во вашиот идеален стан во населбата Карпош. Идеално за младите брачни парови, бабата и дедото кои бараат стан за да ги остават младите да уживаат во интимност и приватност или млади и успешни луѓе кои сакаат да бидат независни и да уживаат во својата слобода. Одлично мало станче кое ги задоволува вашите критериуми и фасцинира со неговата едноставност, функционалност и одличен распоред. Убавите работи навистина доаѓаат во мали пакувања, станов е вистинско мало богатство од 38 метри квадратни.

За оние кои сакаат поголем простор и им е потребно повеќе место, дозволете ни да Ве заведеме со идеална квадратура на стан со пространа дневна соба, спална соба и уште две детски соби за вашите најмили никогаш повеќе да не се расправаат кој да игра на компјутерот, а кој да пишува домашна во мир и тишина. Погледнете го овој идеален распоред на стан од 69 метри квадратни: