И денес врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на југот на земјата ќе има услови за појава на грмежи.

Максималните дневни температури денес ќе се движат до 13 степени.

Снег се очекува на планините над 2.000 метри надморска височина.

Врнежи од дожд се очекуваат и во недела, кои ќе бидат поинтензивни на запад.

Од понеделник ќе преовладува посвежо време со северен ветер, а на планините на северозапад и на повисоките места на североисток ќе провејува слаб снег.