Храна подготвена на оригинален начин: Предлог интернационални ресторани во Скопје

Време е следниот ручек да го поминете во сосема различна атмосфера од нашата – македонската. Посетете некој од овие ресторани во Скопје кои служат интернационална храна подготвена на оригинален начин. Почуствувајте се дека сте во Италија, Турција, Кина или пак некоја од источните земји преку порција вкусна храна. 

Хотел Руссиа

 Руската храна повеќе не е мистерија на македонската јавност во ресторанот на Хотел Руссиа се подготвува оригинални руски специјалитети кои ги задоволуваат сетилата и на најприбирливите.

Дамаскино

Пробајте некои од сиријските специјалитети и уживајте во оригиналните зачините од кои ќе посакате да изедете уште и уште…

Пер Те

Италија во мало! Тестенини кои ви го одземаат здивот, задолжително пробајте ги! Амбиентот е одличен за опуштен ручек со вашите најблиски.

Панда

Кинески ресторан, што користи најсвежи продукти при припрема на одличните специјалитети. Врши достава и до дома.

Наргиле

Бидете дел од историјата во модерно време. Ориентални специјалитети од кои вашиот стомак ќе ви биде благодарен. Позле јадење може да се почастите со наргиле и да ја комплетирате целата атмосфера.

Аустриан Палас

Прекрасно место, уредено со врвен вкус а ништо помалце добра е и нивната храна. Уживајте во овој ресторан кој ќе ве смири со својата опуштена и позитивна енергија и пробајте ги специјалитетите по европски рецепт.

Амигос

Еден нов, поинаков,вкусен свет ... свет на мириси, свет на зачини ... Пробај го во актуелната мексиканска кантина "Амигос".