Хороскопот открива што може да ви го скрши срцето во 2017

Астролозите велат дека ѕвездите се наклонети на хороскопските знаци, кога станува збор за љубовта. Но, не се сите љубовни приказни среќни и едноставни. Хороскопот открива што може да го скрши вашето срце во 2017.

Овен

Оваа година ви носи проблеми поради вашите тенки нерви и избувливост. Ако не водите сметка за тоа што го зборувате, можете да го повредите партнерот кој лесно ќе ве остави поради вашата непромисленост.

Бик

Можете да се затекнете себеси како размислувате да продолжите понатаму и да се ослободите од односот кој ви тежи, но кој ве направил да бидете тоа што сте. Морате да се пронајдете себеси, а големи се шансите да се најдете себеси трагајќи по личноста која сте ја оставиле.

Близнаци

Срцето може да ви биде скршено од комуникацијата која немате срце да ја прекинете. Ќе се држите до старата љубов и  нема да покажувате како се чувствувате, ќе бидете и натаму блескави и забавни, но одвнатре ќе се јадете. Сепак,тоа ќе биде добро за вас да се пресипитате за своите чувства и потреби.

Рак

Постои можност да ви биде возвратен ударот – да ве повреди личност која вие сте ја повредиле одамна. А, бидејќи тоа се уште не сте си го простиле себеси,  ќе ви биде многу тешко бидејќи ќе сфатите дека сте го добиле тоа што го заслужувате.

Лав

Можеби ќе се најдете во врска во која не сте доволно ценети и вашето срце ќе биде скршено поради тоа . Таа личност ќе ве зема „здраво за готово“. Но, крајот на таквиот однос ќе ве доведе да се зближите со личност која ве заслужува.

Девица

Можете да се повредите себеси, така што категорично ќе одбиете да го спуштите својот ѕид кој го градите со години. Добро е кога некој е независен како вас, но вие претерувате. Сепак, тоа е лекција која ќе ви помогне подобро да се справите со следната врска.

Вага

Вашата неспособност да вложите напор за да запознаете одредена личност е нешто што ќе направи да останете сами во 2017. Но, имате доволно работа со вложувањето во себе, па вројатно ќе сретнете некој кој се чувствува слично и кому не му треба премногу внимание.

Шкорпија

Можно е да го скршите сопственото срце повредувајќи некој кој навистина ве сака. Многу сте тврдоглави и не признавате дека не сте во право, а кога ќе се покаете и ќе ви биде жал, може да биде доцна.

Стрелец

Срцето ќе ви биде скршено од површни односи. Недостатокот на емоции и неможноста да се посветите на една личност ќе ве остави осамени и со прашалници во вашата глава.

Јарец

Ќе бидете склони кон тоа од себе да туркате личност на која и значите и да се однесувате постудено отколку што се чувствувате. Вие сте многу ранливи, но нема да дозволите тоа да се забележи.

Водолија

Во овие години, љубовните неволји ќе ви бидат предизвикани од вашиот сарказам и дистанца, како и склоноста да делувате студено и незаинтересирано.

Риби

Своето срце ќе го подарите на личност која не го заслужува. Но, на крајот таа личност ќе се кае поради тоа.