Губењето родител е една од најголемите болки во животот

Без оглед на возраста на која мораме да се збогуваме со нашите родители, без оглед на нашето емоционално и професионално искуство, сепак болката е секогаш огромна. Луѓето често велат дека тоа е како да губиш дел од себе. Но, тоа е и многу повеќе. Шок, бес, негирање, тага и очај. Таквите чувства не следат долго откако ќе изгубиме родител.

Секој кој изгубил родител знае дека иако болката се намалува, сепак таа е секогаш е тука, доаѓајќи заедно со спомените. За голем дел од луѓето, зависно од возраста таквите чувства се интензивни и траат многу години. Тие влијаат на нашиот карактер, на начинот на однесување, а за оние кои изгубиле родител на млада возраст, смртта на нивниот родител остава печат на целиот живот кој го живеат.

Истражувањата покажуваат дека губењето родител носи поголем ризик за емоционални и ментални проблеми, како депресија, анксиозност и многу  негативни чувства. Тоа е особено  ако личноста нема силна поддршка од блиските во периодот на губење на својот родител. Дополнителен фактор е и блискоста со родителот, односно како животот на една личност се менува по смртта на еден или двајцата родители.

Сепак, секоја личност се соочува со нејзината болка и тага на поинаков начин. Иако често ќе помислиме дека една личност добро се носи со болката и тагата, сепак може да станува збор за потиснување на многу чувства, кои потоа се рефлектираат подоцна во животот. Здравиот процес на лечење значи соочување со болката, посветување на односите со другите членови на семејството и бавно прифаќање на вистината. Психолозите истакнуваат дека зборувањето за болката и тагата исто така може да го поттикне процесот на опоравување.

Важна е и грижата за себеси. Голем дел од луѓето по смртта на нивните родители или друга личност од семејството забораваат на себеси. Не спијат доволно, конзумираат антидепресиви и не се хранат добро. Најважно е да се биде трпелив и да се посветиме на себеси и оние кои ги сакаме. 

nike air max 1 sale