Група нападнала момче на автобуска постојка во Скопје

М.С. (21) од Скопје, пријавил во полиција дека синоќа бил физички нападнат од две непознати лица, без повод и причина, во 19.25 часот, на автобуска постојка на автобус на ЈСП Скопје број 22. 

Сторителите со тупаници го удирале во пределот на лицето, нанесувајќи му видливи повреди. Потоа му пришле уште пет непознати лица кои почнале да го удираат со нозе и раце по главата и телото, нанесувајќи му повреда на левото око.

Откако престанале  да го удираат се исправил и едно од лицата дошло до него и со тупаница го удрило во пределот на лицето и му ја земало капата.

Сторителите потоа побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.