Грчкиот туризам на колена- дали и оваа година Грција ќе е омилена дестинација за Македонците?

Дали  и оваа година Грција ќе биде омилена дестинација за летување на Македонците, како што беше минатите години? Што се случува во Грција и какви ќе бидат цените оваа година?

Помал број туристи ја посетиле Грција во почетокот на годината. Се намалуваат и приходите од оваа активност, покажува статистиката за јануари и февруари, цитирани од весникот „Катимерини“.

Според податоците на Централната банка на Грција во првите два месеци од годинава бројот на странците кои ја посетиле земјата се 965 илјади што е за 2,8% помалку на годишно ниво. Приходите од туризмот се намалиле за 2,7% до речиси 310 милиони евра.

Трошоците кои ги прави еден турист во Грција остануваат речиси без промена - во рамките на малку над 317 евра.

Податоците на централната банка покажуваат и намалување на трошоците кои Грците прават при посети во друга држава. Падот е од речиси 10% на годишна основа.

Од изданието посочуваат дека Грција сеуште не може да најде начин да привлекува туристи во зимската сезона. Во прилог е и лошото време, кое исто така е одговорно за намалувањето на посетителите - примарно намалување во однос на туристите кои влегуваат во земја во копнените граници.

Прелиминарните податоци на туристичката индустрија не покажуваат за некакви сериозни промени во март. Според Конфедерацијата на грчкиот туризам (SETE) минатиот месец приходите од туризмот се со 0,8% послаби од минатогодишните.

Прогнозата е дека во текот на летото Грција ќе се израмни и ќе забележи раст на странските туристи.