Граѓаните се горди и се благодарни на хероите од РК Вардар

Чувство на радост гордост и среќа, вистински национални емоции кои те прават горд македонец. Една седмица по големото финале во Келн во кое РК Вардар ја освои шампионската титула во лигата на шампионите емоциите и коментарите сеуште не стивнуваат.

Македонскиот народ знае и умее да се радува на националните успеси. Тоа во неколку наврати го докажавме во минатато, но истото беше потврдено и во вторникот на градскиот плоштад во Скопје кога река народ ги пречека и ги поздрави македонските ракометни херои.

По повод титулата во престижната лига на шампиони издвојуваме дел од коментарите оставени на веб и фејсбук страната на Скопје Инфо:

„Ој Вардаре Македонски ти ја красиш Македонија - шампиони над шампионите, ваша е победата, наша е гордоста“ - напиша Добре Симоновски Џери.

„Заслужено шампиони, браво дечки. Победи балканско срце со руските лавови“ - коментира Марија Гичева.

Владимир Илич додава: Од денес со Вардар сме веќе во Европа. Европски шампиони.

И ова се само дел од коментарите, на крајот ве потсетуваме на најмоќното видето за кое не е потребен ниту еден дополнителен коментар: