Од Град Скопје велат дека приоритет им е безбедноста на граѓаните и нивните имоти.

Откако градоначалникот Шилегов најави минатата недела, екипите на Град Скопје успешно ги расчистија непотребните насипи и натрупаниот градежен материјал во коритото на Вардар на местото каде се создаваше вештачка брана и го зголемуваше ризикот од излевање на реката. Со оваа акција се зголеми проточноста, а се намалија ризиците од излевање на реката при поголеми врнежи од дожд.

Градот Скопје ќе продолжи со расчистување на сите објекти во коритото на реката како што дозволуваат условите за пристап до нив и безбедносните проценки. Во студијата на УНДП за ризикот од поплави во Скопје, објектите во коритото на Вардар се посочени како главни ризици за градот со можни штети врз имотот од стотици милиони евра.