Град Скопје започна теренска проверка: За нова печка на пелети - 500 евра подарок!

Комисијата на Град Скопје информира дека во тек е теренска проверка на доставените барања за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на печки на пелети.

Како што соопшти Град Скопје, досега се пристигнати 242 барања на граѓани и искористена е значителна сума од финансиските средства, предвидени за таа намена.

Официјални податоци за конечната исцрпеност на средствата, како што информира Град Скопје, Комисијата ќе даде откако ќе ја спроведе теренската проверка.