Град Скопје со честика за Илинден: Денеска оддаваме почит на македонските херои и великани

Град Скопје на сите граѓани на Македонија им го честита големиот празник Илинден.

- Денеска чествуваме 120 години од Илинденското востание и создавањето на Крушевската Република, како и 79 годишнина од првото заседание на АСНОМ, датум на кој во 1944 година се поставени темелите на нашата државност.

Денеска оддаваме почит на македонските херои и великани, за нивната жртва и придонес во создавањето на македонската држава, се наведува во честитката од Град Скопје.