Град Скопје: Пренасочувањето на автобусот со број 50 е привремено

По вчерашните објави во медиумите дека после месец дена откако беше вратена во употреба автобуската постојка на линијата 50 во Градскиот трговски центар, од вчера таа повторно е вон употреба, Градот Скопје остро ги демантира наводите и дезинформациите.

Ве информираме дека пренасочувањето на движењето на автобусот со број 50 е привремено заради изведување градежни работи, односно се врши реконструкција на улицата којашто минува под ГТЦ. По завршувањето на оваа реконструкција автобусите повторно ќе застануваат  на автобуската постојка во подрумот на ГТЦ. Воедно, сакаме да Ве потсетиме  дека за повторното отворање на оваа постојка не беа потрошени финансиски средства на Град Скопје, се вели во соопштението од градот.

Во тој контекст сакаме да ја информираме јавноста дека  медиумите не треба да  ги доведуваат во заблуда корисниците на ЈСП изнесувајќи полувистини и претставувајќи ги  привремените сообраќајни режими  како постојани, додаваат тие.