Град Скопје апелира до граѓаните да ги чистат приодите до нивните куќи и згради

Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

На возачите, пак, им препорачува да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, истите да не паркираат на улиците и булеварите и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба.

Од Градот информираат дека булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Град Скопје се целосно расчистени, а на терен интензивно се работи на чистење на тротоарите и велосипедските патеки од наталожениот снег за да им се овозможи полесно движење на граѓаните.

Во текот на изминатава вечер по скопските улици се фрлени 432 тони сол.

new nike air max 2019