Грабеж како на филм - Маскирани лица со пиштол и нож ограбиле пошта

На 21.03.2017 година околу 13.00 часот во ЕИК Скопје, М.К. пријавил дека во поштата во с.Кучевиште  две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработените.

Сторителите со закана со пиштол  и со нож од вработените одзеле околу 86.000 денари. Откако го извршиле делото истите побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.