Ноќен Живот
23. November 2015 - 13:18

Голем концерт на Жељко Самарџиќ во Скопје

Иако медиумите во регионот пишуваа за наводната лоша здрастевена состојба на српскиот пејач Жељко Самарџиќ, по се изгледа вистина е само дека на 13. фебруар 2016 г. по повод денот на љубовта и виното, скопјани ќе имаат уште една можност да уживаат во песните на овој инзвореден интепретатор.

- Подгответете се за одлична забава, но и заедно да го прославиме денот на љубовта и виното. Се гледаме за многу скоро мои драги луѓе – порачува Самарџиќ

„Зауставите јануар“, „Грлица“, „Зато крадем“, „Сипајте ми још један виски“ се само мал дел од огромниот репертоар на српската поп-ѕвезда која во Скопје доаѓа по неговиот голем концерт пред две години.