На 12.02.2018 година во 23,20 часот во СВР Скопје Д.Т. телефонски пријавил дека на ул.„Македонска преродба“ во куќа, го затекнал М.Д.(21) како претура во дневната соба, но откако М.Д. забележал дека бил виден од пријавителот, истиот физички го нападнал, по што го напуштил местото на настанот.

Од страна на М.Д. одземени биле неутврдена сума на пари  кои му испаднале додека бегал, а истиот по кратко време од страна на полициски службеници бил пронајден и приведен во ПС Ѓорче Петров, и во него биле пронајдени 5.500 денари. Се работи на целосно расчистување на случајот.