Ѓорѓиевски: Изградбата на затворената спортска сала во Пинтија е во напредна фаза

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски објави дека напредува изградбата на затворената спортска сала Пинтија, прва во оваа населба. Се работи за објект во рамки на ПОУ “Рајко Жинзифов” со површина од 350 квадратни метри.

“Активно се одвива изградбата на затворената спортска сала во населбата Пинтија која обезбедува современи услови за спортување на нашите ученици од ПОУ ,,Рајко Жинзифов”.  Како никогаш досега во минатото, Пинтија ќе има затворен спортски објект на околу 350 квадратни метри, кој ќе обезбеди комплетна спортска инфраструктура за развивање на физичките потенцијали и подобрување на здравјето на младите. Наша должност е секојдневно да ги унапредуваме условите и да им овозможиме еднакви можности на сите наши жители, посебно на најмладите кои се иднината на Република Македонија напиша Ѓоргиевски