Ѓорчевци добија теретана на отворено

Наспроти новото повеќенаменско игралиште на улицата „ Христо Батанџиев" општината Ѓорче Петров изгради нова теретана на отворено со сите потребни реквизити.

Ова е втор спортски објект од ваков вид во општината Ѓорче Петров. Еден е веќе ставен во функција минатата година во спортскиот комплекс „Ѓорче Петров" во близина на надвозникот.

За реализација на овој проект потрошени се 160 илјади денари од општинската каса. Вакви теретани општината планира уште на неколку локации на својата територија, информираат од општината. Работите ги изведе „Фина" Скопје.