Галијата која почна да се урива нема да биде „спасена“

Галијата во Вардар која почна да се урива ќе биде урната и тоа е завршена работа, вели градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

-Таму се постапува. За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките па потоа ќе се одлучи што ќе се прави. Јас не би урнала ништо, веели таа.

Една од трите галии поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“ почна да се урива пролетта со решение на сега екс градоначалникот Шилегов. Сопственикот на бродот го тужи Град Скопје бидејќи според него бесправно се урива.

Шилегов тврдеше дека се исполнети сите услови за нејзиното отстранување односно сопственикот немал платено три кирии, што според договорот овозможува негово раскинување. Постапката за уривање и на бродот започна, иако сè уште нема извршно решение поради тужбата на сопственикот.