Фото+Видео: Драмски театар и без струја игра претстави

"И после се прашувате зошто Драмски е најдобриот театар во Македонија!? 

Еве зошто:

- Игра и кога снемува струја, 
- Публиката одбива да замине од претставата и ги пали светлата на мобилните телефони за да можат актерите да добијат осветлување на сцената
- Актерите го доиграа првиот дел од претставата испртени со овации." - 
ова на својот фејсбук профил го објави вечерва Роберт Вељановски, директор на Драмскиот театар во Скопје. 

 

И после се прашувате зошто Драмски е најдобриот театар во Македонија!?Еве зошто:- Игра и кога снемува струја, - Пуб...

Posted by Роберт Вељановски on Tuesday, 1 March 2016

Во исто време актерот Драган Спасов - Дац објави фотографија на која се гледа дека сцената е осветлена со помош на мобилните телефони од публиката: 

Во Драмски на пола представа, а и во цел Карпош снема струја.

Ова е селфи со публиката која ни помогна со нивните телефони да го доиграме првиот дел.

Браво за публиката! -
објави тој на својот фејсбук профил

Инаку како што објави вечерва Скопје Инфо поради технички проблем, половина Скопје вечерва е без струја.