ФОТОГАЛЕРИЈА: 7 воздухоплови го надлетуваа Скопје во формација

По повод „10-ти Јуни- ден на Воздухопловната Бригада“ денеска во периодот од 10:40 до 11:30 часот, 7 воздухоплови во формација надлетуваа над Градот Скопје одбележувајќи го денот на бригадата. 

Летот на формацијата беше: од Аеродромот Александар Велики, преку централното градско подрачје, до населбата Ѓорче Петров и обратно. Воздухопловите летаа на висина од 100 метри.