Фото: Позната туристичка агенција повторно ги измами потрошувачите?!

Сите сме сведоци на се почести измами од македонските туристички агенции, особено за „last minute“ ефтините аранжмани чии цени ги мамат потрошувачите. Вчера доцна навечер добивме една порака од засега анонимна потрошувачка која е измамена од страна на туристичката агенција „Јупитер“ која го откажала аранжманот 6 часа пред поаѓањето! Ова не е првпат оваа агенција да ги измами потрошувачите и да ги откаже патувањата! Пораката ви ја пренесуваме во целост:

„Почитувани, Сакам да ве известам дека агенцијата Јупитер повторно направи огромна превара. Имено, утре (04.02) требаше да се појде во 6 часот наутро за Банско, но "одговорната" туристичка агенција го откажува патувањето на само 6 часа од поаѓањето. Ни пишуваат порака дека патувањето е откажано, иако се слушнавме попладнево во 17 часот и рекоа дека се ќе биде како испланирато. Овој кикс не е направен прв пат, се надевам дека ќе објавите вест за ова, за никогаш повеќе да не профункционираат нивните лекоумни превари. Ви благодарам однапред.“