Фото: МТВ најави, но не направи пренос од прославата за НАТО и ЕУ во Скопје

Македонската радио-телевизија прво најави дека ќе обезбеди пренос во живо од главната прослава на Градскиот парк во Скопје, а потоа во последен момент ја смени програмата.

На МТВ прво беше прикажуван игран филм, па стар концерт на Каролина.

Која беше причините за премислувањето на МРТ за сега е  непознато.

Гледачите, меѓутоа, ги збуни тоа што во целиот тек на програмата стоеше информативен телоп дека МТВ има пренос „Македонија во НАТО и ЕУ – концерт“.

Од телевизијата не појаснија за што станува збор.

Од Владата изјавија дека бил договорен пренос, но зошто истиот не се реализирал не знаат.