Фото: 26 години ВМРО ДПМНЕ - прослава во Скопје

Во овие 26 години ВМРО-ДПМНЕ го оправда носењето на префиксот ВМРО во своето име. Секогаш и секаде беше прва на браникот на татковината и интересите на својот народ и своите граѓани. Го оправда и префиксот ДПМНЕ. Вложи најмногу од било кој не само за осомостојувањето и независноста, туку и за напредокот на земјата, економски, политички, демократски, патот кон ЕУ и НАТО,националното единство, но и  реформите, изградбата на земјата, решавање на најмногу проблеми на граѓаните, делата.

Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва на одбележувањето ан 26-годишнината од основаќњето на партијата.

Тој посочи дека ако се анализираат овие 26 години, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била победена на избори, или без правење класичен фалисфикат на изборите, како во 1994-тата и во 2004-тата, или со помош на надворешен фактор, како во 2002-рата, иако во овие ситуации, рече, СДСМ не беше без шанса за победа и без помошта од надвор или фалсификатот. 

- Несакам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ е непобедлива. Тој што во услови на демократија тоа ќе го помисли, или каже за било која партија тоа, ќе погреши. Но, факт е, дека народот повеќе од 120 години, во добри и во лоши времиња, во слобода или ропство, на еден или на друг начин, јасно покажува дека организацијата, денес партијата, која најмногу се гризи за националните и народните интереси, во мнозинство ја подржува. Некогаш ќе и се налути, некогаш и ќе ја казни и ќе гласа на избори против неа, некогаш ќе ја опомени или искара, но овој народ, знае и кој е, и што е, и за што се бори, и кои се неговите интереси и стремеж, и да даде подршка во клучен момент на оние кои најмногу се борат за остварување на заедничкото, општото добро, за државата и за нејзиниот народ. И да препознае кој работи, создава и гради, а кој неработи и руши. Едноставно, во духот на нашиот слоган денеска, идејата и делото се посилни од се, рече Груевски.