Физички напад и насилна кражба вчера во Гази Баба

Два инциденти пријавени вчера на подрачјето на Гази Баба. 

Во првиот пријавен случај имало физички напад, а во вториот насилна кражба. 

На 03.01.2024 во 20.55 часот во СВР Скопје, А.„Н“ од Скопје пријавил дека во угостителски објект на подрачје на Гази Баба, тој и неговиот брат биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.01.2024 во 18.37 часот во СВР Скопје, Б.Ф.(38) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба три лица одзеле предмети од неговиот дом, по што едно од лицата му се заканило со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.