Филипче: Вкупно 67 новозаболени во последниве 24 часа

Во изминатите 24 часа утврдени се нови 67 позитивни тестови на Ковид-19, објави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека распоредот на новозаболените по градови низ Македонија сѐ уште се изработува и ќе биде готов во следните неколку часа, но кажа дека само во липковскиот регион има 11 нови случаи.

Со ова, вкупниот број на позитивни тестови во државава достигна 2.382.