„Филип втори“ отиде во историјата: Градскиот стадион се ребрендира во „Телеком Арена“ (ГАЛЕРИЈА)

Најголемиот фудбалски стадион во нашата земја официјално го доби своето ново име „Телеком Арена“.

Она што се најавено пред извесен период, се реализира.Најубавиот и најголемиот стадион во Скопје веќе го носи името „Телеком Арена“. Околу и на стадионот сè е во знакот на Телеком, влезовите се во ново руво, а околу стадионот се веат и знамиња на познатата компанија.

„Телеком Арена“ ќе биде домаќин на Супер Купот на УЕФА во 2017 година, на кој ќе учествуваат победниците на Лигата на шампионите на УЕФА и Лигата на Европа на УЕФА во сезоната 2016/17.