Четириесеттите Денови на македонска музика ќе завршат вечер со симфониски концерт на Македонската филхармонија. Солист ќе биде виолончелистот Гал Фаганел (Словенија/САД),  а концертот ќе го води британскиот диригент Крис Расман. 

Ќе бидат изведени дела од неколку генерации македонски музички творци: Концертантна музика за виолончело и гудачи од Тома Прошев, третиот став од Симфонијата бр. 4 на Кирил Македонски, третиот став од Симфонијата бр. 7 „Пролет“ од циклусот „Четири годишни времиња“ на Ристо Аврамовски. Премиерно во Македонија ќе прозвучи и симфониското дело „Небесен попречувач“ на младиот автор Мајкл Бакрнчев.

Јубилејните Денови на македонска музика, кои ги организира  Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), годинава на програмата имаа единаесет концертни термини, како и работилници, презентации и предавања. Манифестацијата почна на 27 март со концертот на инструментална музика „Апокалиптикум“ на Драган Даутовски