Еуфорија на Аеродромот - Вардарци се качија во автобусот (видео)

Ракометарите на Вардар се качија во автобусот. Еуфорија, песни, радост е сликата на аеродромот во моментов.

Европските шампиони беа пречекани од голем број навивачи меѓу кои беа градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.

Во 13 часот ќе започне голема прослава на титулата на плоштадот „Македонија“ во Скопје.