Енрике Иглесијас, Дејвид Гета и Продиџи летово во Македонија

Шпанската музичка ѕвезда Енрике Иглесијас, францускиот и светски популарен диџеј Дејвид Гета и британската група Продиџи, која важи за еден од најдобрите и највозбудливи бендови во светската музичка индустрија, ова лето ќе одржат концерти во Македонија во организација на Авалон продукција, дознава МИА.

Покрај овие гостувања, Авалон веќе го најави концертот на Џон Њуман, на 21 јуни во арената „Борис Трајковски” во Скопје.Договорите се потпишани и, наскоро концертите ќе бидат официјално објавени.