ЕДНОСТАВНО И ВКУСНО: Kомпир во сланина (фото)

Пробајте го ова едноставно и вкусно јадење со компир и ќе бидете воодушевени.

Потребни состојки:

- 8 – 10 средни компири

- 16 – 20 парчиња сланина

За сос:

- 25 гр путер

- 1 лажичка брашно

- ¼ л, супа од коцка

- 100 гр павлака

- сол, бибер, сок од половина лимон

Начин на подготовка:

- Компирите измијте ги и сварете ги со лушпата. Нека се изладат па потоа излупете ги.

- Завиткајте ги во сланина

- Ставете во рерна на 200 степени и печете 10 минути.

За тоа време подгответе го сосот.:

- Загрејте го путерот, додадете брашно, водата со коцка супа и сето тоа добро нека проврие.

Тргнете од оган, додадете павлака, сол, бибер и сок од лимон.

Сосот истурете го преку компирите и оставете во рерна уште 10-15 минути. На готовото јадење наросете го со свежо исецкан магдонос или босилек.

Пријатно јадење!