Едно лице загина во тешка сообраќајка кај Гостивар

Утрово во 09,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај с.Трапчин дол се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило “ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.М.(20) од с.Зајас, и трактор управуван од Б.А.(61) од с.Грешница.

На местото на настанот починал Б.А., а В.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево за укажување на лекарска помош.

Полицијата извршила на местото на настанот.