Двајца починати, 46 новозаболени

Ова е и најголем раст на дневната бројка од почеток на ширењето на заразата. Со што вупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 се искачина 430 лица.

Битката со вирусот ја загуби  68-годишен тетовец кој претходно боледувал и од артериска хипертензија.

На Клиниката за инфективни болести починал 70-годишен кумановец. Тој боледувал од висок притисок и срцева слабост чии резултати од тестирањето се уште не се готови. Тој боледувал од висок притисок и срцева слабост

,,Од вкупниот број на новозаболени најголем дел се од Куманово – 23, а 13 нови случаи има во Скопје. Во Дебар по три дена без новозаболени сега се регистрирани двајца болни, аисто толку новозаболени се регистрирани и во Тетово, Велес и Гевгелија, по еден нов случај има во Гостивар и Прилеп.

Во изминатите 24 часа направени се вкупно 389 теста, од кои најголем дел во Институт за јавно здравје.

,,Главниот град и понатаму останува прв на црната листа со вкупно  208 лица позитиви на Корона. На второ место е Куманово  85 случаи.Трет е Дебар со 49.По првичните случаи во изминатите неколку дена не се регистирани нови случаи во Охрид, Кавадарци, Струмица и Кочани.

Од Инфективната клиника во добра здравствена состојба и по два негативни контролни тест испишани се тројца пациенти.

Од Клиниката за гинекологија денеска информираат дека родилката заразена со коронавирусот е во добра здравствена состојба и е хоспитализирана на Инфективната клиника. Синоќа, министерството за здравство, информираше дека нејзиното бебе родено на 30-ти март е негативно на тестот за Ковид-19 и е во стабилна здравствена состојба иако е предвреме родено.