Двајца малолетници нападнати за време на новогодишната ноќ

Еден час по пречекот на Новага година на подрачје на Кисела Вода биле нападнати двајца малолетници.

- На 01.01.2023 во 18.30 часот во Полициска станица Кисела Вода Б.С.Р.(47) од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот на подрачје на Кисела Вода нејзиниот малолетен син и уште еден малолетник биле физички нападнати од едно лице, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.