Дуќан на атрактивна локација во Скопје: Колку чини месечната кирија?

Од 12 до 40 евра за квадрат месечно, се движат цените за дуќан во Скопје сити мол, трговскиот центар Рамстор, Веро центар и Капитол мол кои се сметаат за атрактивни трговските центри за издавање канцелариски простор.

Цената на канцелариски простории на атрактивна локација низ градот варира од 15 евра до 30 евра во зависност од локацијата и квалитетот на деловниот простор.

За дуќан со површина до 150 квадратни метри во строгиот центар на градот се бара месечна наемнина до 40 евра за квадрат. Додека пак за дуќан со иста големина, киријата во Аеродром изнесува од 9 до 15 евра за квадрат, а во Карпош цената се движи од 10 до 23 евра за квадратен метар.

Закупнината за канцеларии се движи во опсег од 7 до 16 евра за квадрат месечно, а за продавници од 9 па до 40 евра за квадрат во зависност од атрактивноста на локацијата и квалитетот на објектот.

Скопските агенциите за недвижности велат дека на пазарот за деловен простор наменет за продавници и трговски објекти најбарани се покриените трговски центри, кои учествуваат со 62 отсто во вкупните закупнини, потоа следуваат реонските трговски центри со 31 отсто, а на крај се маалските продавници со учество од 7 отсто.

Во рамки на нови изградби само некоклу активни малопродажни проекти индицираат стабилен пораст на залихи во Скопје за престојниот период. Во 2018 година Скопје треба да е збогатено со два нови шопинг центри, Емпорио Шопинг Центар и Џевахир Скај Сити Мол. И двата центри лоцирани се на главни булевари во општините Ѓорче Петров и Аеродром.