Државниот инспекторат за транспорт спроведе контрола на превозници на меѓународен превоз

Во текот на вчерашниот ден Инспекторатот на Град Скопје - Инспекцијата за патен сообраќај на Град Скопје во сооработка со Државниот инспекторат за транспорт спроведе контрола на превозници на меѓународен превоз кои беа лоцирани и санкционирани на територијата на Град Скопје.

Истите вршеа застанување и качување на патници на места кои не се предвидени за таа намена. Засилените контролите ќе продолжат и во наредниот период.