„Дрвени“ домати на македонскиот пазар - убави на око, но и на вкус

Со тврда зелена внатрешност, најчесто без мирис и соодветен вкус и со дебела лушпа-такви се најчесто доматите во последните неколку години. Убави се за око, но невкусни за јадење. Ретко каде може да се најдат домати, какви што беа некогаш-меки и вкусни.

Експертите причината за тоа ја гледаат во трговската логика, според која доматите произведени од хибридни семиња се поиздржливи за транспорт и нивниот рок на траење е повеќе од еден месец.

- Во производството и пласманот на доматите се наметна логиката на трговците дека доматите произведени од хибридни долготраечки семиња, кои издржуваат и до 30 денови во магацин, трговецот ќе ги пласира на пазар кога ќе добие поволна цена. Сето тоа е на сметка на квалитет, бидејќи овие хибридни домати имаат неквалитетна коинзистeнција, дебела кора и дрвена маса, велат експертите.

И земјоделците се согласуваат дека доматите што се произведуваат во последно време се невкусни, но се принудени да ги користат семињата што им ги нудат трговците, но и да произведуваат домати какви што се бараат на пазарот.

Експертите за доматите со тврда зелена и дрвенеста внатрешност велат дека не се штетни по здравјето на луѓето. Нив повеќе ги загрижува неконтрилираното користење пестициди за заштита на културите од болести и непридржување до упатството за времето кое треба да помине од последното третирање до бербата и понудата на пазар.