Ш.М. и А.Н. вчера попладнето пријавиле дека додека извршувале градежни работи на ул. „474“ во Скопје, , непознато машко лице ги испрскало со бензин.

Од полицијата информираат дека лицето им се  заканило дека ќе ги запали со запалка по што го напуштило местото на настанот.

Се преземат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.