Дождот, кој вчера вечерта паѓаше во Скопје, го намали загадувањето на градот.
Ако вчера загадувањето со ПМ10-честички достигна до 97 микрограми на еден кубен метар, што беше речиси двојно повеќе од дозвелените 50 микрограми, денеска изнесува околу 20, што е во границите на нормалата.
Моментално, според податоците од страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, нема забележано висока концетрација на ПМ честици во ниедна од скопските општини.
Вообичаено, концетрацијата на ПМ10-честички постигнува максимално ниво во вечерните часови, од 22 часот до 1 часот по полноќ.