Дошла од Србија на гости кај братот, па исчезнала во Скопје

Девојка од Kрива Паланка, која живее во Србија ,исчезнала пред две недели во Скопје, информира МВР. Станува збор за Б.Т. (34), која дошла во посета на семејството.

Нејзиното исчезнување го пријавил нејзиниот брат О.С.(31) од Kрива Паланка.

Според него, таа на 25 август од мобилен телефон му се јавила дека е во Скопје и оти тргнала кај него во Kрива Паланка. Бидејќи Б.Т. дента не дошла, тој го пријавил исчезнувањето во полиција. Од истрагата било утврдено дека таа влегла во земјава, но до вчера немалa остварено излез на некој од граничните премини.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојката.