Потребен ви е само квасец за да направите маска за мека и сјајна коса, која нема да се крши. Косата ќе расте побрзо, а ефектите ќе бидат веднаш видливи.
Состојки:
1 лажица мед
20 гр квасец
1 лажица топло млеко
Подготовка:
Соединете ги трите состојки во еден сад и мешајте додека смесата не стане хомогена.
Намачкајте на влажна коса, оставете да делува еден час, па измијте со вода и шампон.
Постапката повторувајте ја еднаш неделно.