Ако се сомневате дека нешто не е во ред со вашата штитна жлезда, не мора веднаш да правите анализа на хормоните. Тестирајте се сами во вашиот дом…

Можеме да кажеме дека болестите на штитната жлезда се вистинска чума на модерното време, особено кај жените. Пореметувањата во работата на оваа исклучително важна жлезда предизвикуваат бројни компликации со срцето, метаболизмот, телесната тежина…

Освен со редовна контрола на хормоните која експертите ја препорачуваат, постои и уште еден начин за проверка дали вашата штитна жлезда работи како што треба.

Доктор Брод Барнс открил дека температурата на нашето тело е вистински индикатор за работата на штитната жлезда. Тестот со кој ќе ја проверите работата на жлездата е сосема едноставен.

Пред спиење земете го топломерот, добро истресете го и оставете го покрај креветот, па следното утро, веднаш после будењето ќе го ставите под пазувите и ќе ја измерите температурата. После 10 минути прочитајте го резултатот и веднаш запишете го. Резултатот е познат како „рана утринска базална температура“. Нормалната температура е помеѓу 36.5 и 36.8 степени.

Поради инфективни болести и кај жените кои што се во репродуктивен период, температурата може да варира, па главна препорака е овој тест да се прави кога сте здрави и во периодот непосредно после менструалниот циклус.

Резултати од тестот:

1. Температура помеѓу 36.5 и 36.8 степени – вашата штитна жлезда работи нормално.

2. Температура пониска од 36.5 степени – се работи за намалена работа на штитната жлезда (хипотироидизам). Симптомите од намалената работа на штитната жлезда се депресија, недостаток од енергија, замор, инфекции, хронични главоболки, недостаток на меморија и концентрација, губиток на косата, итн.

3. Температура повисока од 36.8 степени – се работи за забрзана работа на штитната жлезда (хипертироидизам) или инфекција во телото.

Поради поголема точност на резултатите, се препорачува тестот да се направи три дена по ред.