Освен исхраната, квалитетот на сон и лошите навики, на вашата биолошка возраст влијае и тоа колку се движите. Новите истражувања откриваат дека претераното седење е една од најопасните навики на современиот живот која значително го загрозува здравјето и квалитетот на животот.

Истражувањето спроведено меѓу 1.500 жени покажало дека жените кои многу седат во просек сум осум години постари од оние кои се движат. Жените кои седат повеќе од 10 часа дневно и помалку од 40 минути дневно се занимаваат со некоја физичка активност имаат пократки теломери. Теломери се еден вид заштитни капчиња кои се наоѓаат на завршетоците на нашите хромозоми. Тие делуваат на биолошката возраст.

Секој пат кога нашите клетки се делат, се кратат и нашите теломери. Кога теломерите премногу се скратат, клетките веќе не може да се делат, тие умираат.

Значи ако седите повеќе од 10 часа дневно, во просек го забрзувате вашиот процес на стареење за осум години.

Новото истражување покажува дека тоа не се случува кај жените кои секој ден вежбаат барем 30 минути, дури и ако седат подолго време. Тоа значи дека и покрај седењето тие нема да остарат побрзо, благодарејќи на тоа што во својата дневна рутина имаат получасовна физичка активност.

Кога станува збор за влијанието на здравјето, седењето денес се нарекува „ново пушење цигари“. Додека секоја испушена цигара го намалува животниот век за 11 минути, секој час седење, според д-р Џејмс Левин одзима дури два часа живот.

Студијата покажала дека оние кои секој половина час ги „протегнуваат нозете“ се многу поздрави од оние кои цело време работат.