Се почитува ли куќниот ред во зградите?Вложуваме ли труд за да станеме пристојни соседи?Добрососедски односи, што беше тоа?

Ова се прашањата кои честопати предизвикуваат реакции кај граѓаните кои живеат во станбените згради.

-Во зградата кеде што живеам тешко се прифаќаат првилата.Комшиите кои реновираат од погорните катови знаат сметот од купатилото или рамките од старите врати и прозорци да ги остават кај перланта.Кога дува ветер бидејќи овој дел е отврен нема влезна врата сета  прашина се шири низ зградата, вели Јасмина од Кисела Вода.

Пред неколку години откако беше предложена одлука за комунален ред со која веќе немаше да смеат да сушат алишта на балконите, да остават стар мебел, предизвика голем број реакции кај жителите на главниот град но, набрзо, се покажа дека такво нешто нема да биде забрането.

Во повеќето колективни згради за домување, луѓето не ги искоренуваат навиките па дури и самоволното однесување кои не само што се спротивни на поставените правила туку предизвикуваат и меѓусоседски кавги.

Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради, донесен пред седум години, на пример, бара во влезот на секоја зграда да има куќен ред, име и презиме на управителот, упатство за користење на заеднички простории, па се до противпожарен апарат. Влезната врата во зградата треба да биде заклучена во периодот од 22 часот до 06 часот, а во заедничките простории на зградата какви што се перална, сушални, противпожарни скали... не е дозволено чување на предмети и материјали кои го оневозможуваат нивното користење.

-Во  мојата зграда овој првилник воопшто не се почитува, влезот на згрдата е постојано отворен бидејќи имаме стара врата, а пералната не е во функиција и комшиите од 5-ти спрати си ја користат како остава, вели Верче од Миџурин.

Станарите кои не дозволуваат во нивниот стан да се извршат поправки заради проблемот кој се појавил надвор од него ( кај друг станар) ги кршат правилата.

-Куќниот ред во мојата зграда се почитува.Комшиите знаат и сами да закачат соопштение на вратата или лифтот објавуваќи дека некој ќе реновира овие денови и дека сметот ќе биде навремено тргнат од влезот или честопати има соопштенија каде станарите се извинуваат на бучавата од музика бидејќи планираат во одреден ден да прават забава или семејна прослава, вели Наташа од Аеродром.

Воедно во првилникот е напоменето  дека низ прозорците, вратите, балконите терасите и лоѓиите не треба да се фрлаат било какви предмети, отпадоци, вода и слично. На балконите не треба ниту да се тресат предмети кои ќе паѓаат кај подолните соседи, пишува во Правилникот за домување.Гласното користење на аудио и видео системи, како и вршење на градежно занатски работи кои го нарушуваат мирот во станбената зграда не е дозволено во периодот од 15 до 17 како и од 22 до 08 часот.Честата навика на дел од станарите по скопските згради да оставаат пластични кеси со сметот пред влезната врати на својот стан не е дозволена.

- Тоа не е дозволено ниту да се остава ниту на скали, во ходници или други заеднички простории, предвидуваат правилата.

Најчестите казни кои законот ги предвидува за станарите кои што не се држат со куќните правила – не плаќаат надоместоци за одржување на зградата и слично - изнесуваат 300 евра во денарска противвредност. Но, досега не е понато дека некој од станарите бил казнет со толкав износ.