Добри вести за Никола: Болницата во Турција изготвила протокол за негово лекување

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски завчера на Меѓународниот аеродром Скопје го испрати 19-годишниот Никола Ѓорѓиев на пат за Турција, каде што треба да се лекува од канцер.

Стефковски информира дека болницата во Турција преземала обврска за негово лекување и првиот третман за терапија е закажан за 24 април.

-Објавувам дека се закажува голем хуманитарен концерт за 19.04.2023 година (среда) под мотото 'Подај рака за Никола' на кој покровител сум јас, пред се како човек, а потоа и како градоначалник на општина Гази Баба. Потребните средства за лекувањето на Никола не се собрани и затоа е потребно сите да се обединиме во хуманоста, информира градоначалникот на општина Гази Баба.